6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДосега најголемата промена на Facebook апликацијата (фото+видео)

Досега најголемата промена на Facebook апликацијата (фото+видео)

vid 33

„Facebook“ на почетокот на април најави голема промена во својата мобилна апликација под името „Facebook Live tab“, a oваа опција сега стана достапна за сите корисници на „Android“.

Станува збор за „tab“ кој ќе се наоѓа во самиот центар на апликацијата и кој ќе служи за откривање на видео-содржини на „Facebook“, a многу експерти истакнуваат дека оваа функција ми би можела да го промени начинот на кој го користиме „Facebook“.

„Facebook Live tab“ иконата за пораки ја премести во горниот десен агол од екранот.

vid 34

Корисниците со отворање на овој „tab“ ќе можат да прегледуваат голем број на најразлични видео-снимки, од тоа што би можело да ни се допаѓа базирано на претходните прегледи, па се до актуелни работи кои се случиле во претходните 24 часа. Тука нормално ќе бидат сместени и „live“ видео-снимките.

Снимките автоматски ќе се пуштаат кога ќе престанете со прелистување низ ова ново мени, а тука е и т.н. „Guide“ кој ќе овозможи пребарување на видео содржини по категории.

Со голема сигурност е дека оваа промена наскоро ќе ја добијат и корисниците на „iOS“ уредите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП