11 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan Kicks веќе и официјално (фото+видео)

Nissan Kicks веќе и официјално (фото+видео)

kicks 000

Компанијата „Nissan“ конечно покажа официјални фотографии и откри информации за новиот кросовер „Kicks“, чија продажба ќе стартуваат уште овој месец.

kicks 001

Автомобилот речиси го повторува истоимениот концепт, кој беше прикажан на саемот во Сао Паоло во 2014-та. Серискиот „Nissan Kicks“ добил „V“ облик на решетка на ладилникот, атлетски форми и каросерија во две бои.

kicks 003

Димензиите на кросоверот се должина од 4295 мм, ширина од 1760 мм, висина од 1590 мм и растојание помеѓу двете оски од 2610 мм. Така „Kicks“ е малку поголем од „Nissan Juke“, чија алтернатива всушност ќе претставува. Во случајот идејата на авторите на моделот е да се привлечат овие клиенти на брендот, на кои „Juke“ не им се допаѓа.

kicks 004

Од компанијата продолжуваат да ги кријат техничките карактеристики на моделот, сепак ветуваат да ја откријат моторната гама при стартот на продажбата. Неофицијално се тврди дека кросоверот ќе има 1,6-литарски бензински мотор со 110 КС, кој ќе може да се комбинира со 6-брзински мануелен менувач или со вариатор.

kicks 005

За моделот е достапен кожен салон, стартување на моторот со копче, електрично регулирање на ретровизорите, систем за стабилизација, електрично управување на прозорците, климатизација и информациско-забавен систем со 7-инчен дисплеј.

kicks 007

Во оваа година „Nissan Kicks“ ќе се нуди само на пазарот во Бразил, а во 2017-та година ќе се појави во вкупно 80 земји во целиот свет. Стартот на продажбата е предвиден за август кога во Рио де Жанеиро ќе се одржат Летните олимписки игри. Кросоверот е официјалниот автомобил на на овој настан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП