19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord Edge за Европа (фото)

Ford Edge за Европа (фото)

ege 3

„Ford“ ги објави техничките детали и фотографии за својот нов „SUV“ автомобил, позициран над моделот „Kuga“, кој наскоро ќе пристигне на европскиот пазар.

„Edge“ е еден од неколкуте нови или освежени „SUV“ и кросовер модели на „Ford“ кои до 2017-та година ќе бидат понудени во Европа. Целта на оваа офанзива е европската продажба на „SUV“ возила на оваа марка до крајот на 2016-та да порасне за 200%, во споредба со 2013-та.

ege 4

Што се однесува до погонските единици, „Ford Edge“ ќе биде достапен со два 2.0-литарски турбо дизел мотори. Основната верзија ќе има „TDCi“ агрегат со 180 ks, додека помоќната верзија ќе има би-турбо мотор кој развива 210 ks.

Послабиот дизел агрегат е поврзан со шестбрзински мануелен менувач кој на овој „Ford Edge“ oд 0 дo 100 km/h му овозможува да стигне за 9,9 секунди, додека максималната брзина е 200 km/h. Кај помоќната верзија преносот на моќта се врши исклучиво со помош на автоматски менувач, а автомобилот од место до „стотка“ забрзува за 9,4 секунди, пред да ги развие максималните 211 km/h. „Ford“ тврди дека просечната потрошувачка на двата модели е 5,8 l/100 km, a „CO2“ емисијата изнесува 149 g/km.

ege 5

Европскиот „Edge“ е опремена со интелегентниот погон на сите 4 тркала на „Ford“ кој по потреба го прераспределува вртежниот момент на осовината во однос 50:50, во рок од 20 милисекунди.

Американскиот производител особено внимание посвети на намалувањето на бучавата во кабината, па аеродинамиката на каросеријата е подобрена со цел да се намали отпорот на воздухот. Покрај тоа, за шофершајбната, предните странични прозори и панорамскиот покрив е употребено специјално повеќеслојно стакло кое има за цел да ја намали бучавата во внатрешноста на возилото, а подобрена е и звучната изолација во кабината.

ege 6

Aвтомобилот е опремен со најновиот „SYNC2“ мултимедијален уред со гласовни команди, но и бројни системи за асистенција кои допринесуваат за подобрена безбедност во возењето.

Меѓу нив се системот за спречување за судир со опција за препознавање на пешаците, адаптивни „LED“ фарови, задна широко аголна камера, предупредување за возило на мртов агол, систем за препознавање на сообраќајните знаци, предупредување за напуштање на лентата по која автомобилот се движи…

ege 7

„Ford Edge“ пристигнува на европскиот пазар во текот на летото 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП