Британското издание „Auto Express“ пред време го покажа свое видување за тоа како најверојатно ќе изгледа „Audi Q2“ и речиси не погреши. Потоа медиумот претстави свое видување за новата генерација на „Audi Q5“, а сега дојде ред и на следната генерација на „BMW X3“.
Како и досега, Британците не ги откриваат своите извори, но е познато дека за основа на наводните слики користат фотографии од тест прототипите на моделот. Кон нив се додаваат и елементи од надворешноста на новите генерации на „BMW X1“ и „X5“.
Изданието открива и доста интересни технички детали за моделот. Кросоверот ќе премине на новата модуларна шасија на брендот која дебитираше на седанот „Series 7“ и тоа ќе ја зголеми неговата должина до 4657 милиметри. Благодарение на новата платформа сепак тежината ќе биде намалена за околу 100 килограми и основната верзија ќе тежи 1,7 тони. Најтешката модификација – хибридната, ќе достигне скоро 2 тона.
Од „Series 7“ ќе бидат позајмени и дел од моторите. Верзијата „xDrive 30d“ ќе добие 3,0-литарски мотор со 6 цилиндри „B57“ од седанот „730d“. Тој развива 265 КС и 620 Нм. За најмоќната варијанта – „xDrive 35d“, ќе се потпира на агрегатот од „740d“, кој нуди 320 КС и 680 Нм.
Предвидено е и модификација со 2,0-литарски дизел, како и „M“-верзија. Последната ќе биде опремена со 6-цилиндарскиот би-турбо мотор од M3/M4, развива над 400 КС. Оваа верзија ќе биде со 7-степен автоматски менувач, а за останатите се предвидува 8-степен.