30 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПовеќе боја, помалку текст: YouTube тестира нов дизајн!

Повеќе боја, помалку текст: YouTube тестира нов дизајн!

you 3

Водечката интернет платформа за видео записи, „YouTube“, oвие денови тестира нов изглед на интернет страната користејќи го „Material“ дизајн на „Google“.

„Material“ досега беше застапен на корисничките интерфејси и системи, како што е „Android“, a го краси нагласувањето на иконите и фотографиите на сметка на текстот.

Новиот изглед моментално е достапен само за „web“ програмерите, но забележителни се значителни визуелни разлики кои даваат нагласок на бојите и клучната содржина, а помалку на описните детали и податоците.

Од своето основање во 2005-та година, „YouTube“ неколку пати го менуваше ликот на својата интернет страна, иако деталниот визуелен идентитет во форма на логото и по 11 години остана ист.

Сепак, иако логото стана и остана еден од најпрепознатливите брендови на глобалниот интернет, „YouTube“ во 2012-та година се одлучи да се откаже од својот слоган – „Broadcast Yourself“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП