27 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗHyundai пушта спортска верзија на Elantra

Hyundai пушта спортска верзија на Elantra

avante sports1

„Hyundai“ претстави фотографии и откри информации за спортската верзија на својот модел „Elantra“, кој на некои пазари ќе се нуди под името „Avante“.

Досега најмоќната модификација на седанот беше опремена со 2,0-литарски атмосферски мотор со 175 КС. Верзијата „Sport“ сепак добила 1,6-литарски турбо-мотор кој развива 204 КС, а тој може да се комбинира и со 6-брзински мануелен менувач, но и со 7-степен автоматски.

avante sports

Промените кај новата модификација ја засегнале и суспензијата што позади веќе има повеќе точки. Меѓу особеностите на „Elantra Sport“ се уште дифузерот, впарените цевки на издувниот систем и надградените светла.

Во кабината на автомобилот се појавиле спортски седишта, волан со рамно дно и бројни декоративни детали. Новата модификација треба да се појави до крајот на годината на сите важни пазари за „Hyundai“ пазари.

avante sports2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП