30 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMotorola најавува нов телефон: подобра безбедност и батерија

Motorola најавува нов телефон: подобра безбедност и батерија

Motorola-Moto-G-600x340

Според очекувањата „Motorola“ би требала на 17-ти мај да ги претстави новите телефони „Motorola Moto G4“ и „Motorola Moto G4 Plus“ на настанот во Њу Делихи. Компанијата која е во сопственост на „Lenovо“ веќе почна да објавува одредени информации за овие телефони на својот индиски „Twitter“ профил.

Во серијата „твитови“, „Motorola“ претстави разни ситуации кои може да тргнат наопаку, но нормално и функции со кои може телефонот да се соочи. Со хаштагот „#Missing“, „Motorola“ сака да ни порача дека батеријата нема да не остави на цедило. „Motorola“ исто така преку „твитови“ сакаше да прикаже дека телефонот ќе има подобра безбедност и подобра камера.

„Moto G4“ би требало да пристигне со 5,5-инчен екран со резолуција од 1080 x 1920 пиксели, додека покрај осумјадрениот процесор ќе има и 2 GB RAM и 16 GB интерна меморија. Исто така, тука е и камерата од 13MP. „Moto G4 Plus“ би требало да има и скенер за отпечатоци на прстите на „home“ копчето и камера од 16MP на задната страна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП