Втората генерација на купето на „Audi“ ќе биде претставена на церемонија која ќе се одржи во седиштето на компанијата во Инглоштад.
Љубителите на автомобили на марката „Audi“ со нетрпение ја чекаат премиерата на новото „A5“, откако во 2015-та беше претставена најновата генерација на „Audi A4“. До презентацијата остана уште помалку од еден месец со оглед дека од компанијата соопштија дека „A5 Coupe“ зa 2017-та ќе биде прикажан на јавноста на 2-ри јуни.
На промоцијата ќе и претходи мултимедијален спектакл кој започнува на 25-ти мај, со кој унгарската уметничка група „Maxin10sity“ со помош на 55 видео проектори ќе приреди „3D“ светлосно шоу пред зградата „Audi Forum“ во Инглоштад, во која се наоѓа и музејот на автомобили на овој производител.
„Audi A5 Coupe“ зa 2017-та е базиран на истата „MLB“ механичка платформа која ја користи лимузинската и караван верзија на „А4“. Новите модели ќе ја користат и плалетата на мотори од „Audi A4“. На располагање е 2.0-литарски „TFSI“ бензинец во верзии со 190 ks (140 kW) и 320 Nm, и 252 ks (185 kW) и 370 Nm.
„Audi S5“ би требало да добие 3.0-литарски „TFSI“ со 354 ks (260 kW) и 500 Nm.
Што се однесува до дизелите, тука е 2.0-литарска „TDI“ единица со 150 ks (110 kW) и 320 Nm, како и 190 ks (140 kW) и 400 Nm. Во врвот на понудата кај дизелите ќе се најде и 3.0-литарски „TDI“ со 218 ks (160 kW) и 400 Nm, и 272 ks (200 kW) и 600 Nm.