30 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИChrome дефинитивно го детронизираше Explorer

Chrome дефинитивно го детронизираше Explorer

chr expo

Chrome, интернет пребарувачот на Google, дефинитивно го детронизираше ривалскиот Internet Explorer на Microsoft, и стана неоспорен број еден на светскиот пазар, покажуваат податоците на агенциите.

Компанијата Net Application, специјализирана за ваков вид статистика, објави дека во април Chrome првпат, и тоа за влакно, го надминал Explorer. Според овие податоци, Chrome освоил 41,66 отсто од уделот на пазарот, додека Explorer има 41,35 отсто. А уште во март Chrome заостануваше за 4 проценти.

Друга компанија за процената на пазарниот удел – StatCounter, објави уште во 2012 година дека Chrome го надминал Explorer. Меѓутоа, Microsoft не ги признаваше тие резултати наведувајќи ја разликата во методологијата меѓу Net Applictation и StatCounter, тврдејќи дека втората компанија го фаворизира Chrome, а го потценува Explorer. Сега, меѓутоа, доминацијата на пребарувачот на Google ја признаваат и двете статистички агенции.

Според статистиката на StatCounter за април 2016 година, разликата меѓу двата пребарувача е уште поголема, односно Chrome има 60,47 отсто од пазарот, a Explorer само 13,25 проценти. Така, дури и Firefox со 15,62 отсто од уделот на пазарот го наминал пребарувачот на Microsoft.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП