Овен (21.03 – 20.04)
Уморни сте од калкулирања, сакате јасно да дефинирате што можете да очекувате од саканото лице, а што не. Дури и да останете сами, важно ви е само да знаете на што сте. Нестабилен ден за вас.
Бик (21.04 – 21.05)
Потрудете се да ги исполните своите обврски и дадениот збор. Ако постапите адекватно, можете да успеете да склучите некоја важна деловна сорбаотка. Повеќемесечната физичка неактивност ќе дојде по својот данок.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Мислите дека само вие имате проблеми, но верувајте дека сите ги имаат. Седнете и искрено поразговарајте со партнерот за се што ви пречи, тој најдобро ќе ве сфати. Потрудете се вечер да си легнете порано.
Рак (22.06 – 22.07)
Можна е неочекувана помала парична добивка. Се повлeкувате пред нервозата на партнерот. Во моментов не сте расположени за кавги, расправии и надмудрувања. Многу ви е тешко да се занимавате со случувањата од минатото.
Лав (23.07 – 22.08)
Многу размислувате за тоа како да му пријдете на лицето кое ви се допаѓа. Додека чекате и калкулирате, некој друг може да ја искористи вашата шанса. Не се сомневајте во себе, наполнете се со самодоверба.
Девица (23.08 – 22.09)
Саканото лице ви префрла дека сте станале отсутни и незаинтересирани. Смета дека не е приоритет за вас. Во овој момент ниту самите не сте сигурни дали е тоа вистина или не. Внимавајте во сообраќајот, вашата концентрација е намалена.
Вага (23.09 – 22.10)
Во некои ситуации со кои денес се соочувате се чувствувате безнадежно. Тешко ви е да избалансирате се што сакате и полека се помирувате со неуспехот. Не дозволувајте озборувањата и интригите кои доаѓаат од страна да влијаат на односот со партнерот.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
На работа ова ќе биде повеќе од мирен ден. Поголем дел од раководството ќе биде надвор од фирмата и тоа ви е шанса да завршите и некоја приватна обврска. За вас ова ќе биде како добивка на игрите на среќа.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Ќе имате успех доколку денес се занимавате со било какви хартии, документи, пресметки…. Поволен ден за оние кои работат во администрација, книговодство. Партнерот ќе ви открие некоја тајна. Ќе бидете изненадени и збунети.
Јарец (22.12 – 20.01)
Време е конечно да соберете сила и на партнерот да му кажете што навистина мислите. Немојте да се стегате, бидете доволно отворени и директни. Можни се проблеми со несоница предизвикана од постојаните размислувања. Прилично сте напнати и тешко дека ќе успеете да се опуштите.
Водолија (21.01 – 19.02)
Не сте подготвени за промени во деловното поле. Можно е да ќе одбиете некоја понуда но во моментов ви е најважно да ја задржите работата која ја имате. Склони сте на депресија, тешки емоции, денес едноставно не е вашиот ден.
Риби (20.02 – 20.03)
Нема да се согласите да појдете на состанок со некое навалентно лице. Не сакате било кој да ве форсира и да ви досадува на било кој начин. Постои опасност од падови, повреди и исеченици, бидете внимателни.