Економскиот раст во еврозоната и целата Европска унија (ЕУ) се забрзува во првиот квартал до соодветно 0,6% и 0,5% во однос на објавениот раст во последниот квартал од годината од соодветно 0,3% и 0,4%, покажуваат првичните проценки на европската статистичка служба Евростат.
На годишна основа економијата на земјите од валутниот блок се прошири со просек 1,6% – колку и во последните три месеци од минатата година, покажува уште евростатистиката.
Годишниот раст на ЕУ сепак малку се забавува – до 1,7% во првиот квартал во однос на 1,8% во последните три месеци од минатата година.
Од друг извештај на Еуростат, станува јасно дека инфлацијата во еврозоната во април повторно се вратила на негативна територија.
Во април индексот на потрошувачките цени се намали за 0,2%, откако во март остана стабилен, според прелиминарните проценки на евростатистиката.
Податоците покажуваат дека во април во однос на март растот на цените на услугите е забавена до 1% од 1,4%, а на храната, алкохолот и тутунските производи останал стабилен (0,8%).
Најголем притисок врз потрошувачките цени во европскиот монетарен блок продолжуваат да ги вршат цените на енергијата, кои се намалуваат за 8,6% во април. Во март беше регистриран пад од 8,7%.
Конечната процена на Еуростат за инфлацијата во еврозоната ќе биде објавена во средината на мај.