Овен (21.03 – 20.04)
Уморни сте и исцрпени. Препуштете им ги на сорабoтниците комплицираните задачи. Во љубовта обидете се да променитe нешто во емотивниот однос, доколку саканото лице е заинтересирано за напредок.
Бик (21.04 – 21.05)
Размислете добро пред да направите некаков чекор. Некој ги буди вашите емотивни интереси и ви го подобрува расположението. Уживајте во малите и слатки нешта.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Не успевате да воспоставите добра комуникација со соработниците, но не грижете се поради тоа. Во љубовта ве очекува возбудлив и интересен период во кој тотално ќе уживате.
Рак (22.06 – 22.07)
Важно ви е да ги ускладите различните интереси кои постојат меѓу соработниците, но не успевате во тоа. Во љубовта не е се баш најсјајно, саканото лице ви создава нервози кои ќе ве наведат на погрешни одлуки.
Лав (23.07 – 22.08)
Во овој момент најважно е да направите листа со приоритети и да прифатите нечиј совет. Во љубовта не одговарате на нечија емотивна провокација или интересен предизвик, па така лицето кое е заинтересирано за вас ќе се откаже.
Девица (23.08 – 22.09)
Потрудете се да ја контролирате импулсивната страна на вашата природа. Потребно е да преземете заштитничка улога во одререни ситуации. Обрнете внимание на новите случувања кои започнуваат да го загрижуваат саканото лице.
Вага (23.09 – 22.10)
Можеби своите емотивни желби повремено ќе ги упатувате кон погрешно лице. Како да сте го изгубиле компасот поради долга апстиненција кога станува збор за љубота. Тотално сте збунети не знаете каде и кон кого да тргнете.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Еден интересен телефонски повик би можел да промени многу работи кога станува збор и за приватниот и за деловниот живот. Иако ништо конкретно не сте планирале, некоја ненадејна идеја ќе започне да ви го менува животот.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Важно ви е да привлечете нечие внимание и пред тоа лице да го истакнете вашиот веќе потврден углед. Би требало посериозно да го анализирате вашето однесување кон саканото лице. Малку сте неправедни.
Јарец (22.12 – 20.01)
Бидете внимателни и пореално проценете ги вашите можности. Средбата со едно лице за вас ќе претставува емотивно задоволство и уживање. Не се стегајте искажете го вашето мислење и емоции.
Водолија (21.01 – 19.02)
Не сте задоволни со резултатите кои ги постигнувате на работа, па затоа потрудете се повеќе. Во љубовта ви се потребни промени и внесување на малку поголеми возбудувања.
Риби (20.02 – 20.03)
Не експериментирајте постојано, туку обидете се со веќе пробаните техники, кои гарантираат успех. Вашата љубовна техника поминува без проблеми и затоа ситните љубовни проблеми не ве загрижуваат.