„Ford“ го претстави првиот мотор од ново семејство кое ќе го носи името „EcoBlue“. Тоа е 2,0-литарски турбо дизел, кој го заменува досегашниот 2,2-литарскиот „TDCi“. Моторот ќе дебитира на товарните возила „Transit“ и „Transit Custom“.
Новиот 4-цилиндарски дизел агрегат е развиен од истражувачките центри на „Ford“ во Велика Британија и Германија, а производството ќе се одвива во фабриката на компанијата во источен Лондон.
Моторот го исполнува стандардот „Euro-6“, кој стапува во сила од септември оваа година. Тој тежи околу 15 килограми помалку од досегашниот 2,2-литарскиот мотор „TDCi“, а максималниот вртежен момент е за 20% повисока – 340 Нм, кои се достапни при 1250 врт/мин.
Покрај тоа агрегатот е за 4 децибели потивок од својот претходник. Економичноста на горивото е подобрена за 13%, додека нивото на штетни гасови „СО2“ е намалена за 10%, соопштуваат од компанијата.
Моторот ќе се нуди во 3 варијанти на моќност – 105, 130 и 170 КС, а се предвидува да биде пуштена верзија и со повеќе од 200 КС. Претстои излегувањето и на втор мотор од семејството „EcoBlue“. Ова ќе биде 1,5-литарски дизел, кој ќе се најде во моделите „Mondeo“, „Focus“ и „Fiesta“.