24 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАлкалоид АД Скопје со зголемена добивка за првиот квартал

Алкалоид АД Скопје со зголемена добивка за првиот квартал

alkol

Алкалоид АД Скопје за периодот Јануари – Март 2016 оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираните единечен и консолидиран Биланс на успех. Нето добивката за периодот 01.01.-31.03.2016 изнесува 208.735.000 денари.

 

Вкупни приходи

Остварените единечни вкупни приходи во периодот Јануари – Март 2016 година изнесуваат 1.702.337 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2015 година бележат пораст од 8%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 94%, имаат приходите остварени со продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во 2015 година бележат пораст од 6%.

Остварените консолидирани вкупни приходи во периодот Јануари – Март 2016 година изнесуваат 2.190.331 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2015 година се на исто ниво. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 97%, имаат приходите остварени со продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во 2015 година бележат пораст од 2%

Вкупни расходи

Остварените единечни вкупни расходи во периодот Јануари – Март 2016 година изнесуваат 1.497.479 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2015 година бележат пораст од 8%.

Остварените консолидирани вкупни расходи во периодот Јануари – Март 2016 година изнесуваат 1.949.783 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2015 година бележат намалување од 1%.

 

 

alkaloid

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП