20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПо слабите резултати Apple загуби 40 милијарди долари од својата капитализација

По слабите резултати Apple загуби 40 милијарди долари од својата капитализација

Earns Apple

Акциите на „Apple Inc.“ забележаа силен пад во слободната трговија по објавувањето на послабите од очекуваните резултати за првиот квартал.

Компанијата предвиде приходи од 50.6 милијарди долари за првите три месеци од 2016-та година, во споредба со 58 милијарди долари за една година порано и очекувани средни околу 52 милијарди долари од аналитичарите.

Добивката по акција за првите три месеци од годинава изнесува 1.90 долари по акција наспроти очекуваните 2 долари по акција. Очекувањата за следниот квартал исто така ќе се послаби од пред една година, а се очекува приходите да достигнат меѓу 41 и 43 милијарди долари, наспроти 49.6 милијарди долари за пред една година. И покрај најдобрата од очекуваната продажба на „iPhone“ – 51.2 милиони смартфони спрема 50.7 милиони, објавени од аналитичарите, тие се пониски во однос на продадените 61.2 милиони примероци за првите три месеци од 2015-та година. Послаби се и продадените други основни производи на компанијата, како „iPad“ и „Mac“, а вкупните приходи од Кина изнесуваат 12,5 милијарди долари спрема 16,8 милијарди долари за пред една година.

Подобри во однос на претходната година се приходите од продавницата за апликации „App Store“, музичкиот магазин „Apple Music“, услугата за плаќање „Apple Pay“ и „iCloud“, кои генерираа околу 6 милијарди долари, или 20% повеќе во однос на првите три месеци од 2015-та година кога ги објавија резултатите и доведоа до пад на акцијата на компанијата со околу 8%, до 96.10 долари за готово, намалување какво што немало во историјата на „Apple“.

Само за еден ден пазарната капитализација на технолошката компанија забележа пад од 40 милијарди долари и во моментов е 578 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП