23 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИАлкалоид АД Скопје отвори нов "Центар за контрола на квалитет"

Алкалоид АД Скопје отвори нов “Центар за контрола на квалитет”

alk

Алкалоид АД Скопје континуирано вложува во капацитетите за производство и Институтот за развој и контрола на квалитетот на лековите со цел обезбедување на високо квалитетни производи. За таа цел официјално се пушти во употреба новиот капитален објект: „Центарот за контрола на квалитет“, инвестиција вредна над 5 милиони евра.

Новиот „Центар за контрола на квалитет“ е технолошко-аналитички капацитет, кој се простира на површина од 3.000 m² и во него се изведуваат следниве активности:

-Контрола на суровини, контактна и секундарна амбалажа

-Контрола на фазно производство и готови производи

-Микробиолошка контрола и стабилност на фармацевтски производи

-Валидациони активности и мониторинг и

-Изработка на аналитичка документација за регистрационите активности за фармацевтските производи

Во „Центарот за контрола на квалитет“, ќе работат над 100 високо стручни извршители, за која квота во моментов има 26 нови вработувања. 70% од вработените се со високо образование, а дел од нив се специјалисти и магистри по науки.

Присуството на Алкалоид АД Скопје на пазарите во над 30 земји во светот и постојаното тежнеење кон отворање нови перспективи, налага внимателно следење на барањата на строгите светски авторитети од областа на здравството и фармацијата и нивно имплементирање во секојдневното работење. Новиот „Центар за контрола на квалитет“ на Алкалоид АД Скопје ја потврдува стратешката определба на компанијата за производство на квалитетни, ценовно достапни, безбедни и ефикасни лекови изработени во согласност со најстрогите светски стандарди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП