10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБогов: Нема причина за паника, парите на граѓаните се сигурни во македонските...

Богов: Нема причина за паника, парите на граѓаните се сигурни во македонските банки

dm

Нема причини за загриженост, парите на граѓаните се најсигурни во македонските банки, изјави во вторникот гувернерот на Народната банка, Димитар Богов како одговор за „оркестрираните шпекулации“ во последниот период чија цел е, како што оценува,  да се создаде притисок врз банкарскиот систем.

Економските фундаменти во земјава се здрави и сите параметри покажуваат дека не може да дојде до валутна криза односно до девалвација на денарот, порачува гувернерот Богов.

„Обично кога некоја валута се наоѓа под закана, во земјата има платно–билансна криза. Во Република Макеоднија во последните два месеци имаме вишок во платниот биланс, а во последните пет години имаме исклучително низок дефицит кој е помал од 2 отсто од бруто домашниот производ (БДП) и кој лесно се покрива дури и при пониско ниво на странски директни инветсиции. Така што целосно се неосновни овие шпелукации. Единствено што придизвикуваат е психоза која има цел создавање поголема побарувачка и одреден притисок. Но НБРМ има моќни инструменти кои може да ги употреби и да ја стабилизра ситуацијата за кратко време, но во тој случај цената ќе ја платат сите економски чинители и таа ќе биде повисока“, уверува Богов.

Поради споменатите шпекулации, деновиве медиумите информираа за повлекување помали депозити од банките. Богов потсетува дека слична ситуација имало и ланскиот мај, веднаш по судирот во кумановско Диво насеље, но ситауцијата била брзо стабилизирана, а најмногу загубиле граѓаните кои повлекувајќи си ги орочените пари ја изгубиле каматата. НБРМ деновиве регистрира и зголемена побарувачка на евра, но девизниот пазар е стабилен.

Има зголемена побарувачка за девизи, но девизи има доволно на пазарот. Менувачниците шпекулираат. Секој кој чувствува загриженост може слободно во било која банка и без ограничување да си купи девизи колку сака“, вели Богов.

Девизните резерви во моментов се на нивото на минатата година или 2.270.000.000 евра што е над нивото кои го препорачува ММФ. Банките се здрави и високо ликвидни, а во нив се чуваат околу 5 милијарди евра штедни влогови на фирмите и граѓаните. Штедењето расте во континуитет, а во март е забележан раст од над 22 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП