20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПодгответе се за компанија со капитализација од 2 илјади милијарди долари

Подгответе се за компанија со капитализација од 2 илјади милијарди долари

arab 3555

Многу се спори околу тоа која ќе биде првата компанија во светот која ќе ја достигне психолошката капитализација од 1 илјада милијарди долари. И додека голем дел од влоговите се во поддршка на „Apple“, најголемата компанија по пазарна капитализација во светот во моментов, најголемото изненадување може да дојде од друг правец…

Сосема е возможно психолошката граница од 1 илјада милијарди долари да биде одминаат и директно да биде видлива компанија со пазарна оценка од над 2 илјада милијарди долари.

Саудиска Арабија потврди дека планира да продаде удел во јавната нафтена компанија „Saudi Aramco“ што е можно да ја процени при ниво од над 2 илјади милијарди долари. Продажбата се очекува да е за помалку од 5% од капиталот и да е преку ИПО. Ова го изјави во телевизиското интервју за „Al Arabiya News Channel“ принцот Мохамед бин Салман.

„Петте проценти ќе се од холдинг компанија”, изјави принцот по повод објавените планови на државната нафтена компанија на Саудиска Арабија, која прво треба да биде претворена во холдинг-компанија, пред да се најде на берзата.

„Велика Британија може да навлезе во 2020-та година без каква и да е зависност од нафтата … Зависноста на кралството од нафтата им наштети на многу други сектори во минатото“, коментира уште бин Салман. „Планираме да основаме државен фонд со средства во износ од 2 илјади милијарди долари, а дел од средствата кој ќе дојдат се од продажба на дел од „Aramco““, коментира уште принцот.

Саудиска Арабија регистрира рекорден буџетски дефицит во текот на изминатата година во износ од 98 милијарди долари, од поевтинувањето на нафтата со 60% од 2014-та година. Тоа ги принуди лидерите на кралството да преземат серија мерки за ограничување на буџетските трошоци, како и да бараат нови извори на приходи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП