19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАД Европа Скопје со "ситна" добивка за првиот квартал од годинава

АД Европа Скопје со “ситна” добивка за првиот квартал од годинава

evr

Вo првите три месеци од 2016 година Друштвото АД Европа Скопје оствари вкупни приходи во износ од 162.482.957 денари кои се поголеми за 3% во однос на истите од предходната година.

Приходите од продажба за трите месеци се намалени за 5% и изнесуваат 148.612.554 денари а во минатата година истите изнесуваа 156.539.048 денари. На домашен пазар остварени се вкупно приходи во износ од 74.355.226 денари и се намалени за 4%, а на странски пазар остварени се вкупни приходи во износ од 74.257.328 денари.

Расходите за трите месеци зголемени се за 5% во однос на истиот период од минатата година и изнесуваат 160.795.807 денари. Поголемиот пораст на расходите за два индексни поени од порастот на приходите допринесе добивката да се намали за 64,5%. На зголемувањето на трошоците посебно влијание имаше зголемениот физички обем на производството и порастот на цените на основните наши суровини(шеќерот, какао суровините и зрнестите суровини). За суровини и материјали  потрошени се 95.277.594 денари и се поголеми за 4.398.848 денари или 5% во однос на истот период од претходната година кога беа потрошени 90.878.746 денари.

lll

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП