ЕКОНОМИЈА

Германците бараат работници, плата до 6.500 евра

ger

Германскиот гигант “Kontech GmbH” бара работници за одржување на машините, со задолжително познавање на германскиот јазик, а платата е од 3.500 до 6.500 евра.

“Kontech GmbH” е основана во 1997 година, се занимава со машинство, електротехника, индустриски погони, развој на софтвер и хардвер, и претставува една од најголемите компании во Јужна Германија.

Компанијата во моментов е во потрага по работници за одржување на машините, мажи или жени, а на огласот може да се јават исклучиво само машински инженери, електротехничари и слични активности кои имаат врска со изградба и прилагодување на машините.

Задолжително е добро познавање на германскиот јазик, работно искуство на слично работно место минимум две години и завршено високо образование од наведените области.

Компанијата нуди здравствено и пензиско осигурување, сместување, платен годишен одмор со бонус, како и додаток на плата.