2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕлектрична офанзива: Renault Zoe стигна до бројка од 50.000

Електрична офанзива: Renault Zoe стигна до бројка од 50.000

zoe 0034

Три години по лансирањето, „Renault“ испорача 50.000 примероци на електричниот модел „Zoe“.

Само во 2015-та пласираше 18.500 возила, па „Zoe“ како најтиражниот европски електричен модел имал удел од 20 отсто на пазарот на електрични автомобили на Стариот континент, а 55% во Франција.

Возилото е опремено со електромотор кој развива 89 ks и 220 Nm. Во состојба е да постигне максимална брзина од 135 km/h, a иако на премиерата од францускиот производител тврдеа дека автомобилот со едно полнење на батеријата може да мине и до 210 km, aвтономијата во реални услови на возење е до 170 km во летниот период, додека радиусот на движење во текот на зимата е околу 115 km.

„Renault Zoe“ се покажа како практичен електромобил во градски услови на возење. Во оваа компанијата велат дека за дополнување на целосно празната батеријата, во зависност од моќта на полнењето, потребно е од 30 минути до девет часа.

zoe 0033

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП