Сите земји кои служат како даночен рај, а биле во центарот на аферата „Панамски документи“, наскоро ќе бидат предлог на земјите од ЕУ да се најдат на единствената црна листа.
Земјите од Европската унија побараа на почетокот на месецот дека имаат потреба да ја спречат злоупотребата за избегнување на плаќањето на даноци и итно да се формира заедничка црна црна листа на земји кои биле даночен рај и им овозможија на многумина да затајуваат милиони и милијарди, а денес тој предлог го поддржаа министрите за финансии на 28 земји членки на ЕУ.
Домбровскис вели дека системот би можел да започне со работа наскоро.
Европската комисија смета дека и народите на тие земји од црната листа би требало да бидат санкционирани ако повиците за промена не ги дадат посакуваните резултати.
ЕУ и некои земји членки имаат неколку различни листи, а кои воглавно биле неефикасни.
„Панамските документи“ претставуваат 11,5 милиони објавени доверливи документи кои содржат детални информации за 214.000 офшор компании благодарејќи на кои бројни моќници ширум светот го избегнувале плаќањето на данок во сопствените земји.