3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната месечна исплатена нето-плата во февруари изнесува 21.813 денари.

Просечната месечна исплатена нето-плата во февруари изнесува 21.813 денари.

denari 33004

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2016 година, во однос на февруари 2015 година, изнесува 103.4.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (16.3%), Административни и помошни услужни дејности (11.1%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (11.0%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (9.2%), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (7.8%) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (6.5%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2016, изнесува 21.813 денари.

Во февруари 2016 година, 1.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во февруари 2016 година, во однос на февруари 2015 година, изнесува 103.0.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Градежништво (16.0%), Земјоделство, шумарство и рибарство (11.1%) и Административни  и помошни услужни дејности (10.7%).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (8.1%), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (6.7%) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (6.6%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во февруари 2016 изнесува 32.074 денари.

Во февруари 2016 година, 1.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП