5 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi A6 и A7 зa 2016-та година (фото)

Audi A6 и A7 зa 2016-та година (фото)

osvez 00

„Audi“ ги освежи своите два модели кои се присутни на пазарот веќе шест години. Покрај мали надворешни козметички интервенции, подобрени се и содржините во патничката кабина.

Актуелниот „Audi A6“ и првата генерација на моделот „A7 Sportback“ беа претставени во 2010-та година. Поради тоа што нивните наследници се уште не се подготвени, германскиот производител одлучи по редизајнот од 2014-та, го продолжи векот на сегашните верзии со нивно благо „освежување“.

osvez 01

Кога станува збор за „Audi A6“, oвој модел го доби новиот изборен „S line“ пакет, кој подразбира помали стилски промени на маската на ладилникот, а моделот „S6“ во понудата ќе има и нови бои на надворешноста – „Matador Red“ и „Gotland Green“.

osvez 02

Купувачите на „Audi A6“ и „A6 Avant“ сега можат да изберат меѓу две дополнителни опции за алуминиумски бандажи, додека понудата на алуминиумски тркала за моделот „A7“ е проширена со три нови верзии.

osvez 03

„Audi A6 Allroad“ доаѓа со нов пакет за доплата – „Advanced“, кој меѓу останатото вклучува 20 инчни алуминиумски бандажи, додека спортските седишта се со специјална „Valcon“ кожа.

osvez 04

Купувачите на „Audi A6“ и „A7“ во иднина ќе можат да сметаат и на новото „LED“ осветлување во патничката кабина и во багажникот.

Што се однесува до технолошките подобрувања, паметните уреди кои работат на „Android“ и „iOS“ сега можат полесно да се поврзат на „MMI“ мултимедијалниот уред со помош на „Apple Car Play“ и „Android Auto“ системите. Покрај тоа, телефоните ќе можат да се полнат бежично благодарејќи на индукцискиот полнач.

osvez 05

Патниците кои седат позади на располагање ќе имаат изборни таблет уреди кои ќе се наоѓаат во потпирачите на предните седишта. Таблетите по потреба може да се исклучат и да се остранат од потпирачите.

„Audi A6“ и „A7“ зa 2016-та ќе пристигнат во продажните салони во текот на летото, кога ќе бидат познати и цените на овие модели.

osvez 06

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП