23 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVisa забележа раст од 10 проценти на тримесечната добивка

Visa забележа раст од 10 проценти на тримесечната добивка

visa kart333

Тримесечниот профит на „Visa Inc.“ порасна за 10% на годишна основа, иако компанијата за картички одбележува послабо темпо на трошење во странство и не гледа особено подобрување на трендовите во економијата, пишува „MarketWatch“.

Во периодот јануари-март 2016-та година „Visa“ заработува 1,71 милијарди долари, што е повеќе од заработени во текот на истиот период од минатата година – 1,55 милијарди долари. Приходите пораснаа до 3,63 милијарди долари од 3,41 милијарди долари. Аналитичарите кои беа испитани од „Thomson Reuters“ очекуваа приходи од 3,6 милијарди долари.

Обемот на плаќањата се зголеми за 7,4% до 1,25 илјади милијарди долари.

Иако приходите се покажаа над прогнозите, акциите на „Visa“ поевтинија за 4,6% во текот на синоќешната трговија во Њујорк, бидејќи компанијата ги намали прогнозите и го промени тонот за плаќањата кои треба да ги изврши во врска со спојувањето со „Visa Europe“.

Од „Visa“ истакнуваат дека влегуваат претпазливо во втората половина од својата фискална година, и предупредија дека гледаат слабости во Кина, Бразил и економиите кои се зависни од нафтата.

„Visa“ очекува профитот за годината што завршува на крајот на септември 2016-та година, да се зголеми со ниска двоцифрена бројка, а не се земат предвид девизните измени во однос на минатогодишната прогноза за раст во редот на 15-17%. Проценката е дека приходите ќе се зголемат со 7-8%.

Истовремено европската зделка со која глобалните операции на „Visa“ треба да се обединат под еден покрив, се претпоставуваше дека треба да вклучува плаќања од најмногу 4,7 милијарди долари поврзани со остварување на целта за приходите. Наместо тоа плаќањата ќе бидат зголемени за 1,75 милијарди долари. Првичната проценка на трансакцијата е за 21,2 милијарди долари. Промената е поврзана со повратните информации од страна на Европската комисија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП