4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHonda го претстави најмоќниот хибрид од средната класа со моделот Accord (фото+видео)

Honda го претстави најмоќниот хибрид од средната класа со моделот Accord (фото+видео)

achonda 00

Вториот најголем јапонски производител на автомобили – „Honda“, го претстави својот нов хибриден модел „Accord Hybrid 2017“.

Од компанијата поставија многу висок стандард во однос на економичноста на моделот, а според нив просечната потрошувачка е 5,9 литри на 100 километри. „Honda“ си постави и многу амбициозна цел во однос на неговата продажба, а планира тие да се двапати поголеми во споредба со старата верзија.

achonda 01

Новиот модел е одговор на целите на „Honda“ агресивно да ја зголемува продажбата на хибридни и електрични автомобили во следните години.

achonda 02

„Во средина на цената на бензинот под 2 долари по државните бензински пумпи, сфаќаме дека ова е многу предизвикувачка цел“, коментира извршниот потпретседател на компанијата во САД Џон Мендел цитиран од весникот „CNBC“.

achonda 03

„Honda“ избра нестандарден подиум за претставување на нов модел – Детроит, срцето на американската автомобилска индустрија. Во изминатата година „Honda“ има продадено само 14.000 хибридни модели „Accord Hybrids“ на глобално ниво. Таа сепак престана со производството во средината на годината, за да го префрли во Јапонија.

achonda 04

Главниот мотив за купување на новиот хибрид на компанијата ќе биде неговата ниска потрошувачка, смета менаџментот на „Honda“. Тој е опремен со 2-литарски мотор, кој е помогнат од два електрични хибридни системи. Неговата вкупна моќност е 212 коњски сили. Тоа е за 16 коњски сили повеќе од моделот за 2014-та година и најмоќниот хибриден автомобил во средната класа во моментов, според податоци на „Honda“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП