5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSony ќе го претстави моделот Xperia M Ultra?

Sony ќе го претстави моделот Xperia M Ultra?

sonik 33

Според новите гласини кои доаѓаат од Кина, „Sony“ ќе претстави нов смартфон кој се нарекува „Xperia M Ultra“.

Најсуштествената карактеристична особина ќе е големиот 6-инчен HD дисплеј, како и неговата голема батерија.

Во однос на останатите технички карактеристики, уредот се очекува да е со процесор „Snapdragon 652“ и 3GB RAM меморија. Внатрешната меморија најверојатно ќе биде 32 GB. Батеријата ќе има капацитет од цели 4.280 mAh.

Се очекува сериозни да се и двете камери на уредот – 23 мегапикселна задна и 16 мегапикселна предна камера. Смартфонот најверојатно ќе има порта „USB Type-C“, како и сензор за отпечатоци.

Покрај овој модел, јапонската компанија исто така се очекува да претстави и наследник на минатогодишниот модел „Xperia C5 Ultra“ кој ќе го носи името „Xperia C6 Ultra“. Се разбира, ниту еден од двата не е потврден во оваа фаза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП