22 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗFord трие раце: Зa 7 дена 7.000 нарачки за новиот GT (фото+видео)

Ford трие раце: Зa 7 дена 7.000 нарачки за новиот GT (фото+видео)

race gt

Книгата за нарачки која беше отворена пред само една недела, а со оглед дека производството е ограничено на 500 автомобили, на „Ford“ му претстојат „слатки маки“ да ја изврши селекцијата на купувачи.

Одлуката на компанијата повторно да го оживее својот легендарен суперспортски модел се покажа како исправна, поради тоа што побарувачката за „Ford GT“ четиринаесет пати ја надмина понудата! Конечниот број на потенцијални купувачи ќе биде значително поголем затоа што нарачки ќе се примаат до 12-ти мај, по што американскиот производител ќе направи селекција и ќе избере 500 „среќници“ кои ќе станат сопственици на новиот „Ford GT“.

race gt1

Во компанијата велат дека при изборот предност ќе имаат купувачите кои планираат својот автомобили да го „возат, чуваат и да се грижат за него“, поради тоа што несакаат возилата да отидат во рацете на оние кои само сакаат подоцна да го препродадат и да заработат на него, но не е познатко како оваа селекција ќе се реализира во пракса.

Новиот „Ford GT“ ќе има 3.5 литарски „V6 EcoBoost“ мотор кој ќе произведува преку 600 ks. Производството ќе трае две години, а предвидено годишно од погоните да излегуваат 250 возила.

Иако цената се уште официјално не е соопштена, се очекува автомобилот во САД да чини од 450.000 долари, додека купувачите во Европа ќе мораат да одвојат околу 500.000 евра, што значи дека „Ford GT“ ќе биде поскап од модели како што се „Lamborghini Aventador“ или „Ferrari F12 berlinetta“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП