18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlphabet и Microsoft разочараа со кварталните резултати

Alphabet и Microsoft разочараа со кварталните резултати

micgoogle

Инвеститорите, залагачите на континуираниот раст на акциите на „Alphabet“ (GOOGL) и „Microsoft“, останаа разочарани. Двата технолошки гиганти забележаа резултати, кои се покажаа под просечните очекувања на аналитичарите.

Тоа иницираше намалување од 6.1% во акциите на „Alphabet“, до ниво од 732.45 долари, и 5.1% во акциите на „Microsoft“, до 52.92 долари. Или кажано на друг начин, количеството на двете компании ја намали пазарна капитализација во износ од 55.37 милијарди долари.

Од „Alphabet“ забележаа раст во приходите од 17% за кварталот, до 20.26 милијарди долари, што се покажа под просечните очекувања на аналитичарите за 20.37 милијарди долари. Во исто време добивката по акција изнесува 7,5 долари, или повторно под очекуваните 7.97 долари.

Приходите на „Microsoft“ се во износ од 22.1 милијарди долари во кварталот до крајот на март, а профитот изнесува 62 центи по акција. И тука резултатите ги разочараа аналитичарите, кои прогнозирале профит од 64 центи. Приходите одговорија точно на просечните очекувања. Одложувањето на приходите од „облак“ услугите на комапанијата во голема мера се во основата на влошените резултати.

Резултатите на двете технолошки компании ги разочараа во голема мера инвеститорите кои се обложуваа дека двете компании лесно ќе надминат прогнозите. Токму овие облози иницира зголемување на акциите на „Alphabet“ од 44% и на „Microsoft“ со 31% за последната една година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП