2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако изгледа кинескиот Tesla S (фото+видео)

Како изгледа кинескиот Tesla S (фото+видео)

kintesla 00

„Tesla Model S“ постави стандарди кога станува збор за луксузните електрични автомобили, па поради тоа не е ни чудно што многу производители во светот се обидуваат да ги одмерат силите токму со ова возило.

Меѓу нив е и кинеската компанија „LeEco“, која пред стартот на авто-саемот во Пекинг претстави електричен концепт како најава на идниот продукциски модел – ривал на „Model S“.

kintesla 01

Концептот наречен „LeSEE“ e луксузна електрична лимузина за 4 патници, која според силуетата наликува на својот американски идол. Меѓутоа, додека друга кинеска компанија „Youxia Motors“, одлучи да направи клон на „Teslа S“, „LeEco“ излезе пред јавноста со целосно оргинален дизајн на надворешноста и патничката кабина.

kintesla 02

Исто како многуте концептни возила, и „LeSEE“ има некои футуристички решенија (кои најчесто се отфрлаат кога ќе дојде до развојот на серискиот модел), како минијатурните камери наместо надворешните ретровизори. Иако системот за отворање на вратите е во спротивна насока и отсуството на „B“ столбот го олеснува пристапот до кабината, превисоките прагови не се баш практично решение за влегување во возилото, па треба да се очекува дека производителот да ги спушти на продукцискиот автомобил, ако навистина дојде до негова реализација.

kintesla 03

Внатрешноста на возилото е дизајнрирана по примерот на моделите на „Teslа“, без конвенционални копчиња и други слични команди кои местото го отстапија на големиот централен екран, чувствителен на допир. За патниците кои седат позади, обезбедени се два дополнителни мултимедијални екрани кои се сместени во потпирачите за глава на предните седишта.

kintesla 04

Воланот со неочекуваната форма е конструиран така што по потреба може да се вовлече во кокпитот, а во тој момент управувањето на автомобилиот го превзема компјутер.

Техничките детали за овој концепт засега се недостапни, а повеќе податоци ќе бидат познати по премиерата на возилото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП