3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИМобилниот прелистувач Chrome веќе има милијарда месечни посетители

Мобилниот прелистувач Chrome веќе има милијарда месечни посетители

mob chrome 33

Денес „Google“ соопшти дека е достигната клучната граница од 1.000.000.000 месечни корисници на мобилната верзија на прелистувачот „Chrome“.

Благодарение на оваа една милијарда корисници во моментов прелистувачот на интернет пребарувачот овозможува секој месец на мобилните уреди да се прегледуваат 771 милијарди интернет страници.

Постигнувањето на мобилниот прелистувач е исклучително, а само за последните пет месеци тој има додадено 200 милиони нови посетители, удвојување на темпото на раст во споредба со пред една година. За споредба, десктоп прелистувачот „Chrome“ ја достигна границата од една милијарда корисници во мај 2015-та година.

И иако нема статистика на какви оперативни системи се користи „Chrome“, се претпоставува дека главниот дел е на уредите кои се базирани на „Android“ кои се во износ од 1,4 милијарди во светот. Ова го покажуваат податоците кон крајот на септември минатата година.

За споредба, „Apple“ има над една милијарда активни корисници на оперативниот систем „iOS“, но компанијата сака да го задржи во тајност бројот на корисниците на нејзиниот прелистувач „Safari“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП