12 мај, 2024

Game over за Xbox 360

iksi 33

„Microsoft“ објави дека го прекинува производството на популарната конзола „Xbox 360“. Компанијата ќе продолжи да ја произведува исклучиво новата генерација „Xbox One“.

„Xbox 360 значи многу за сите во „Microsoft“. И иако постигна многу, реалноста да се произведе производ, кој е на пазарот повеќе од една деценија, веќе почнува да го дава своето влијание“, коментира Фил Спенсер, шеф на одделот на „Xbox“.

Тој додава дека крајот на производството не значи крај на животот на „Xbox 360“. „Microsoft“ ќе го продаде расположливиот инвентар и ќе продолжи да ги поддржува сите достапни услуги за конзолата. Ова вклучува претплати за „Xbox Live“, нови игри и хардверска поддршка. Компанијата не дава краен рок за одржувањето, бидејќи нема намера тој да е во блиска иднина.

„Xbox 360“ беше претставена официјално во ноември 2005-та година. Во годините конзолата се претвори во еден од најсериозните конкуренти на „PlayStation“. Минатата година „Microsoft“ додаде поддршка за старите игри на „Xbox 360“ во новата генерација „Xbox One“, што беше и првиот сигнал дека конзолата постепено ќе го започне својот пат кон страниците на историјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП