22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГолем интерес за бизнис караванот на Еуролинк во Штип

Голем интерес за бизнис караванот на Еуролинк во Штип

op

Во преполниот кафе-ресторан „Канал 77“ во Штип вчера попладне се одржа голем настан во организација на Еуролинк Осигурување.

Настанот беше дел од Бизнис Комплет караванот кој досега гипосети Струмица, Битола, Прилеп и Скопје, а каде сопствениците и менаџерите на мали и микро претпријатија, имаа можност да се запознаат со предностите на осигурувањето, како и ризиците и опасностите по секојдневното работење.

raa

Бизнис Комплет е иновативен сеопфатенпакет кој обезбедувапокритија за целосноосигурување на малите и микро бизниси кои имаат деловни и продажни објекти, како колонијалните продавници, мини маркетите, аптеките, парфимериите, козметичките салони и други.

rbb

‘‘Бизнис Комплет е вистинска потреба на малите претпријатија, а тоа го потврди огромниот интерес на сите настани од бизнис караванот. Еуролинк секогаш работи и ќе продолжи да работи посветено на развивање на уникатни продуктикои се во функција на подобрувањето на условите за бизнис.“ – изјави Марија Томеска, претседател на управниот одбор на Еуролинк осигурување.

rcc

Вчерашниот настан беше петтиот од серијата настани од Бизнис Комплет караванот, кој ќе продолжи во текот на месец мај.

rdd

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП