18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИ Mitsubishi го призна лажирањето на податоците за емисијата на штетни гасови

И Mitsubishi го призна лажирањето на податоците за емисијата на штетни гасови

miti33

Јапонскиот производител на возила „Mitsubishi Motors Corp“ призна дека ги лажирал податоците од тестовите за ефектот на горивата за да ги подобри нивоата на емисиите на штетните гасови, поради што во средата цената на акцијата му потона за 15 отсто, бришејќи во само еден ден 1,2 милијарди долари од неговата пазарна капитализација.

Претседателот на управата на овој шести по големината јапонски производител на возила, Тецуро Аикава, изрази жалење на прес-конференцијата во Токио, поради овој голем скандал во историјата на „Mitsubishi Motors Corp“ од прикривањето на грешките пред една деценија.

Цената на акцијата на компанијата на Токиската берза потона во средата за повеќе од 15 отсто, на 733 јени, забележувајќи го така најголемиот дневен пад во речиси 12 години. Мината 2015 година „Mitsubishi Motors Corp“ продал малку повеќе од милион возила.

Во 2000 година „Mitsubishi Motors Corp“ призна дека ги прикривал податоците за безбедноста и поплаките од потрошувачите. Четири години подоцна призна проблеми, кои се јавувале последните неколку децении. Тогаш тоа беше најголемиот скандал поврзан со повлекување на возила во Јапонија.

Компанијата во средата објави дека со лажирањето на тестовите биле опфатени 625.000 возила, произведени од средината на 2013 година, меѓу кои и е и моделот „eK mini-wagon“ и 468.000 слични возила кои порано ги правела за „Nissan“. Најави и дека ќе престане да ги произведува и продава тие возила, како и дека основала независна комисија којашто ќе спроведе истрага.

„Mitsubishi Motors Corp“ е првиот јапонски производител на возила кој извести за лажирање на податоците поврзани со тестовите за ефектот на горивата, откако минатата година германски „Volkswagen“ призна дека ги лажирал податоците за емисијата на штетните гасови преку специјален софтвер во возилата што ги продавал во САД и на други места.

Јужнокорејскиот „Hyundai Motors“ и неговата филијала „Kia Mortors“ во 2014 година се согласија да платат 350 милиони долари казна на владата на САД поради мамењето на тестовите за емисијата на гасовите, а исто така мораа и да ги подмират и барањата на сопствениците на возилата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП