18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗапочнува голема матурска кампања на Рамстор Мол- со Матурско табло до вредни...

Започнува голема матурска кампања на Рамстор Мол- со Матурско табло до вредни подароци

ram

Матурско табло е новата интересна кампања која од денес (20.04)  па се до 08.05 ќе биде активна во Рамстор Мол. Како што најавуваат од трговскиот, Рамстор Мол на двајца најматуранти ќе им обезбеди можност заедно со модната дизајнерка и стилистка Ирина Тошева, да ја одберат од брендовите во Рамстор Мол совршената матурска комбинација, истата да ја добијат со 50% намалување и на својата матура да бидат најголеми ѕвезди со тоа што ќе пристигнат со најдобар изглед и сопствена лимузина. Освен најматурантот и најматурантката, Рамстор Мол на петорица матуранти ќе им подари ваучери во износ од 3000 денари, а во рамки на кампањата се подготвуваат уште многу пријатни матурски изненадувања.

Се што треба да направат матурантите кои сакаат да бидат дел од оваа кампања е да го посетат трговскиот, да го пронајдат матурското табло на Рамстор Мол, да се фотографираат и да ја закачат својата фотографија на официјалната фан страната на Рамстор Мол на Facebook или Instagram преку хаштаг #НАЈМАТУРНАТ #МАТУРСКО ТАБЛО @RAMSTOREMALL. Фотографиите со најмногу лајкови ќе ги добијат вредните подароци.

Уште една новина која ја најавува трговскиот е дека оваа година голем дел од официјалните таблоа на средните училишта и факултети за прв пат ќе бидат изложени во холот на Рамстор Мол. Преку кампањата Матурско табло, посетителите ќе добијат можност накратко да се потсетат и на своите средношколски и студентски денови.

Matursko tablo 2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП