26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАмерикански Lexmark преминува во кинески раце

Американски Lexmark преминува во кинески раце

lex 33

Кинескиот конзорциум предводен од кинеската технолошка компанија „Apex“, го купува американскиот производител на „Lexmark“ принтери за 3,6 милијарди долари, соопшти „Ројтерс“, повикувајќи се на соопштението на компанијата. Пазарната капитализација на компанијата со седиште во Кентаки изнесува околу 2 милијарди долари.

„Lexmark“ почна да бара стратешки алтернативи за бизнис со помош на „Goldman Sachs & Co“, „Ernst & Young“ и адвокатска канцеларија „Wachtell, Lipton, Rosen & Katz“. Покрај зачувувањето на сегашните структури и продажбата на целата компанија имаше опција и за посебна продажба на пододделенијата за хардвер и софтвер.

Порано за можни купувачи на „Lexmark“ се споменува имињата на „Konica Minolta“, „Ricoh“, „Lenovo“ и „HP“.

Се очекува зделката да се оствари во втората половина на 2016-та година, но треба да биде одобрена од американските антикартелни органи. Трансакциите за спојувања и превземања во САД се предмет на контрола од страна на Комисијата за странските инвестиции во САД (CFIUS). При извршените трансакции од странски инвеститори сепак оваа комисија трага особено од аспектот поврзана со безбедноста на технологијата.

Пазарот ја усвои веста за трансакции позитивно. Акциите на „Lexmark“ забележаа раст од 12%. Слично на другите производители на принтери и „Lexmark“ страда од фактот дека поради обидот за намалување на трошоците корпоративните клиенти се воздржат од нарачки, а приватните клиенти преферираат да ги вложат своите заштеди во смартфони и таблети, коментира „Ројтерс“.

„Lexmark“ и претходно се обидуваше да биде продадена, но тогаш не најде задоволителна понуда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП