28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСребрената стрела на морињата – Јахтата на Mercedes-Benz (фото)

Сребрената стрела на морињата – Јахтата на Mercedes-Benz (фото)

jahta mece

„Сребрената стрела на морињата“, така „Mercedes-Benz“ ја нарече моторната јахта „Arrow460-Granturismo“. Бродот е конструиран од лидерите во областа „Silver Arrows Marine“, но дизајнот и опремата се дело на германската автомобилска компанија.

Јахтата е долга малку над 14 метри и широка скоро 4 метри, а во неа може да се сместат 10 лица. Тие уживаат во простран отворен дел, како и во луксузена кабина.

jahta mece2

Недостасуваат снимките на внатрешноста, но од „Mercedes-Benz“ велат дека внатрешноста е создаден во типичен луксузен стил на брендот, обложување со материјали како природно дрво, висококвалитетна кожа, амбиентно осветлување и друго. Ентериерот може да биде опремен со речиси сè, а дел од опремата вклучува аудио од висока класа, кулер за вино и дури машина за мраз.

jahta mece3

Дизајнот на јахтата исто така потсетува на автомобилите на „Mercedes-Benz“. Страничните прозорци кои се отвораат како оние кај автомобилите, даваат силуета на спортско купе. Изборот на сребрената боја исто така не е случаен. Тој е заштитен знак на тркачки машини на брендот. Првата „Сребрена стрела“ се појавува во далечната 1937-ма година, со што го привлече вниманието со невидените за тоа време моќност и брзина.

jahta mece4

„„Arrow460-Granturismo“ е погодна за кратки прошетки, но и за подолги дестинации кои бараат ноќевања. „Сребрената стрела на морињата“ е синоним за модерен луксуз, авангарден стил и елеганција“, се вели во соопштението.

Погонот на јахтата е доверено на два дизел мотори „Yanmar 6LY3-ETP“. Секој од нив развива 473 КС, обезбедувајќи максимална брзина на движење од 74 км/час.

jahta mece1

Во моментов не е објавена цената на „Arrow460-Granturismo“. Јасно е сепак што е името на првиот примерок – „Mercedes“.

На крајот на минатата година „Bugatti“ покажа слична јахта. Таа го носи името „Niniette“ инспирирана е од првите спортски автомобили на марката и чини 2 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП