9 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПродажбата на iPhone падна за 43.8%

Продажбата на iPhone падна за 43.8%

ap ee2

Аналитичарската компанија „TrendForce“ објави дека според нејзините пресметки, смартфонот на „Apple“ регистрира историски пад на продажбата. Компанијата објави дека во првиот квартал од оваа година продажбата е падната за 43.8%, соопштува интернет изданието „ZDNet“.

Ова води и до губење на малку над 6% удел на пазарот до 14.40%, коментираат уште аналитичарите. Според нив една од главните причини е слабите резултати на „iPhone 6s“, кој не нуди „возбудливи нови функции“ и не го привлекува доволно вниманието на корисниците.

ap ee

„Буџетскиот модел „iPhone SE“ ќе ги поддржува општите резерви на „iPhone“ во вториот квартал додека не дојде време за новиот модел. Сепак „iPhone SE“ ќе има сериозна конкуренција на својот основен кинески пазар од локалните производители. Очекуваме испораките на „iPhone SE“ за оваа година да се под 15 милиони примероци, што ќе биде доволно за „Apple“ да добие добар краен резултат на општите резерви на „iPhone“ на крајот на годината“, коментира Аврил Ву, аналитичар на „TrendForce“. Од „Apple“ не коментираа на оваа тема.

ap ee1

Според „TrendForce“ лидер на пазарот на смартфони за првото тримесечје од годината останува „Samsung“. Компанијата го зголемува пазарниот удел од 22.1% до 27.8%. На трето место е „Huawei“ со 9.3%, следен од „Lenovo“ со 5.8%, „Xiaomi“ со 5.5% и „LG“ со 5.1%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП