27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung развива нов мистериозен смартфон Galaxy C7?

Samsung развива нов мистериозен смартфон Galaxy C7?

misteriozen sama

Нов тест на сајтот на „AnTuTu“ беше објавен на кинеската социјална мрежа „Weibo“, кој открива мистериозен модел на „Samsung“ со името „Galaxy C7“.

Тајното име на моделот е „SM-C7000“, а според аналитичарите станува збор за модел од просечниот ценовен сегмент кој ќе ја прошири понудата на јужнокорејскиот производител.

Според објавените информации, моделот се одликува со процесор „Qualcomm Snapdragon 625“, а ќе располага со 4 GB RAM меморија. Екранот ќе биде со резолуција од 1080×1920 пиксели, а главната камера ќе има капацитет од 16 мегапиксели. Предната камера е наведена како 8 мегапикселна.

Внатрешната меморија е 32 GB, а оперативниот систем – „Android 6.0.1 Marshmallow“. Тоа изгледа како уред кој е позициониран помеѓу моделот „Galaxy A7“ и „Galaxy S7“ во палетата на „Samsung“. Може да се претпостави дека новиот уред ќе биде направено од метал и стакло. Навидум сличен смартфон може да е одличен избор за луѓе кои не поддржуваат „QHD“-резолуција и сепак попрво би купиле смартфон од средната класа од „Samsung“ по пониска цена.

Тестот покажува дека резултатот за перформансите на уредот е 60.140 поени, што е едно не лошо достигнување и отстапува со малку на резултатите на моделот „Galaxy S6“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП