Излегувањето на Велика Британија од Европската унија (ЕУ) може да доведе до тешки регионални и глобални штети, предупредува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), цитиран од онлајн изданието „themovchannel.com“.
Последната оценка на Фондот се совпаѓа со стравувањата на британската влада дека евентуален „Brexit“ по референдумот во јуни ќе предизвика „сериозни предизвици“ за земјата и остатокот на Европа поради нарушувањето на трговските односи.
ММФ нагласува дека референдумот веќе создаде атмосфера на несигурност. Неизвесноста за возврат е непријател на инвеститорите.
Фондот потсетува за оддалечувањето на инвеститорите при референдумот за независност на Шкотска и последните избори на Островот. Купувачите и продавачите имаат тенденција да реагираат на некои непознати сценарија, па чекаат за да видат што ќе се случи.
Една третина од испитаниците во една неодамнешна студија на „KPMG“, инвеститорите веќе ги намалиле или планираат да ги намалат инвестициите пред референдумот за 23-ти јуни. Две третини од испитаниците рекле дека ако Британија гласа да ја напушти ЕУ, тие ќе ги забават инвестициите во британски имот за време на неизвесниот период во кој се договараат нови услови за занимавање со Европа.
Тој почетен период на несигурност потенцијално би можел да доведе до непосредно оштетување на пазарот на недвижности на Островот, отколку постојан пост-„Brexit“ период, според „KPMG“.
На прашањето кои европски земји ќе бидат алтернативна дестинација за инвестиции, поголемиот дел од инвеститорите посочуваат Германија, следена од Франција.
Други во секторот на недвижностите се уверени во отпорноста на пазарот како резултат од референдумот. Според „Savills“ влијанието врз обемот на трансакциите во секторот на бизнис, станбените и руралните имоти ќе биде краткорочно.
„Savills“ признава дека сепак гласањето во поддршка на останувањето на Британија во ЕУ ќе доведе до обновување на побарувачката. Поддршката за излез од ЕУ ќе доведе до несигурност за периодот во кој се договараат одново односите со ЕУ. До кога ќе трае оваа несигурност сепак, никој не може да претпостави.