6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW го претстави M2 Coupe со педали (фото+видео)

BMW го претстави M2 Coupe со педали (фото+видео)

tocak bmw

За да ја одбележи пазарната премиера на најновиот модел на „BMW M GmbH“, во седиштето на автомобилската компанија во Минхен беше претстави уникатен велосипед. Тој е инспириран токму од „M2 Coupe“ и ќе биде предложен во серија од само 1.500 примероци.

Велосипедот е наречен „Cruise M Bike Limited Edition“, а е покриен со истата сина боја „Long Beach Blue“, која се користи за спортското купе со 385 КС.

tocak bmw1

За новото „BMW“ со педали инженерите користеле алуминиумски хидроформирана рамка, чиј дизајн треба да направи сличност на мотоциклите на „BMW“. Самата монтажа со скриени споеви е исто зафатено од две тркала од машини на брендот. За спортскиот карактер на велосипедот потсетуваат и амблемите „BMW M GmbH“, а и специјалната плакета со натпис „BMW M Bike Limited Edition“.

tocak bmw2

„Cruise M Bike Limited Edition“ е опремен со хидраулични диск сопирачки „Shimano“ и 28-инчни тркала. Рамката на седиштето и управувачот пак се изработени од карбон, за да се обезбеди максимална цврстина и мала тежина.

tocak bmw3

Германската компанија која веќе 60 години произведува и мотори, ќе го пушти новиот велосипед во тираж од само 1.500 примероци. Цената на секој еден е 1.400 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП