
Кинеската компанија „Huawei“ го претстави својот прв „VR headset“ заедно со неодамна најавениот „P9“ смартфон.


Кинеската компанија „Huawei“ го претстави својот прв „VR headset“ заедно со неодамна најавениот „P9“ смартфон.
„Huawei VR“ е одговор на компанијата на „Samsung Gear VR“ – а наместо вградениот екран, корисниците ќе треба да го постават својот „P9“ или „P9 Plus“ во редниот дел од „headset“-от, a смарфтонот тогаш станува екран и „мозок“ на уредот.
Како и „Gear VR“, од страната има навигациски тастер кој овозможува користење на телефонот додека е прикачен за овој уред, како и контролирање на звукот и фокусот.
Двете верзии на „P9“ телефонот имаат 1080p дисплеј, па така резолуцијата нема да биде најдобра, но од „Huawei“ се потрудиле да обезбедат златна редина, нешто меѓу „Google Cardboard“ и „Oculus Rift“.
Цената на уредот се уште не е позната.