17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАкциите на Intel можат да поскапат за 25%?

Акциите на Intel можат да поскапат за 25%?

intel akcii 33

Насочувањето на „Intel Corp“ кон активности кои ќе и носат нејзин поголем раст, како чипови за сервери и чипови за вградување во автомобили, може да доведе до 25% скок во цената на акциите за оваа година. Ова се наведува во извештајот на „Barron’s“, цитиран од агенциите.

Иако постои ризик „Intel“ да ја намали прогнозата за фискалната година, веројатно таа да се врати на стабилниот раст до крајот на годината за прв пат по седум години, се наведува во публикацијата.

Инвеститорите кои не поседуваат акции во „Intel“, ќе мора да го почекаат излегувањето на извештајот на компанијата, се додава во текстот.

„Intel“ не успева да генерира раст, бидејќи побарувачката на чипови за персонални компјутери се забави, посочува „Barron’s“. Но растот на бизнисот и со центри за податоци, кој вклучува чипови за сервери, евентуално може да донесе повеќе приходи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП