20 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFiat-Chrysler размислува за конкурент на Tesla Model 3

Fiat-Chrysler размислува за конкурент на Tesla Model 3

t trica 33

Концернот „Fiat Chrysler Automobiles“ (FCA) размислува за конкурент на „Tesla Model 3“. Електромобилот треба да биде подготвен за 12 месеци, откако проектот ќе биде одобрен, изјави шефот на концернот Серџо Маркионе, цитиран од „Automotive News Europe“.

Компанијата „Tesla Motors“ го претстави подостапниот модел претходно во овој месец, а оттогаш добила над 400.000 првичните нарачки за ова возило. За време на годишниот состанок на акционерите во „FCA“ во Амстердам, Маркионе изјави дека е силно скептичен за иднината на овој модел.

„Според мене е невозможно сличен автомобил да се произведе, да се достави на клиентот и да се направи профит по цена од 35.000 долари, но ајде да видиме што ќе се добие“, коментира Маркионе.

Шефот на „FCA“ беше категоричен дека ако проектот на Илон Маск се покаже успешен, тој самиот е подготвен веднаш да ја прекопира формулата по која е создаден „Model 3“ и да пушти сличен електромобил на пазарот.

„Подобро е да задоцниш со сличен проект, отколку да избрзаш и потоа горко да зажалиш“, коментира Маркионе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП