5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoPro ги првите чекори во виртуелната реалност (видео)

GoPro ги првите чекори во виртуелната реалност (видео)

goprovrdolphin1

„GoPro“ објави дека ќе пушти сопствен канал за 360-степени видео клипови со виртуелната реалност наречена „GoPro VR“, како и верзија на својот инструмент за безжичен стриминг „HEROCast“ за виртуелната реалност наречена „LiveVR“, пишува „Engadget“.

Се што ви треба во случајот, вреди 5.000 долари – шест камери, софтверот „Kolor“, паметен далечински, мемориски картички, кабли и друго. Ако веќе немате доволно камери „GoPro“, можете да ги купите останатите за само 1.500 долари, а прелиминарните нарачки стартуваат денеска.

„GoPro VR“ ќе стартува повторно денес на интернет, како и апликациите што поддржуваат виртуелната реалност за „iOS“ и „Android“. Платформата ќе собира одбрани видео содржини од „GoPro VR“, слично на оние во каналот на компанијата кој вклучува видео на барање со нормално видео.

goprovrdolphin

Сферичните видеа со виртуелната реалност првично ќе доаѓаат од спонзорирани спортисти и уметници, но потоа ќе почне да се појавуваат и содржини генерирани од корисниците, штом има доволно материјал за употреба.

„GoPro“ технички досега располагаше со платформа за видео со виртуелната реалност, откако го наследи „Kolor Eyes“ кога го купи истоимениот видео софтвер. Така „GoPro VR“ се јавува како логично ребрендирање и развој на сето тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП