2 јуни, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple извадил злато вредно 40 милиони долари од рециклирање (видео)

Apple извадил злато вредно 40 милиони долари од рециклирање (видео)

ztelefon 33

Една од активностите со кои „Apple“ се има ангажирано сериозно во последните години, е рециклирањето.

Компанијата користи напредни нови роботи, за да си осигура дека вредните материјали од милионите телефони „iPhone“ кои ги продаваат секоја година, не завршуваат во депониите. „Apple“ го објави својот годишен извештај поврзан со еколошките активности на компанијата, во кој беше вклучена информација и за тоа какви материјали се изведени од старите уреди и компјутери – над 27.6 тони челик, алуминиум и друго.

Како дел од тоа од „Apple“ извлекле и речиси 1 тон злато. При оваа цена од околу 1.230 долари за унца, „Apple“ извлекла од старите телефони и компјутерите малку под 40 милиони долари во форма на злато.

Од каде сепак доаѓаат овие 39.502.000 долари? Според „Fairphone“ во просечниот смартфон има 30 милиграми злато, најмногу во плочата и во други компоненти. „Apple“ рециклира милиони смартфони „iPhone“ и компјутери во кои има по малку злато. Можно е „Apple“ да има рециклирано и голем број од своите златни часовници, во кои се смета дека има над 50 грама 18-каратно злато.

Тешко е сепак човек да замисли дека луѓето кои потрошиле над 10.000 долари за часовник на „Apple“ ќе го предадат назад на компанијата за рециклирање по помалку од една година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП