Третата генерација на моделот „BMW X5“ се појави пред три години, а на пазарот веќе почнува да се зборува дека наскоро ќе ја видиме четвртата генерација на популарниот автомобил на баварскиот производител.
Тој се очекува да е базиран на модуларниот систем „Cluster Architecture“ кој се користи исто така кај новата „седмица“, која ќе го направи моделот полесен и ефективен во споредба со неговиот претходник. Новиот систем за составување ќе му помогне исто така на „BMW“ да го намали бројот на платформите, потребите за производство, што ќе доведе до сериозно намалување на производствените трошоци.
Во однос на техничките карактеристики, следниот модел „X5“ се очекува да се одликува со шест и осумцилиндарски мотори, а од „BMW“ јасно дадоа до знаење дека ќе продолжат со производството на дизел варијанти, покрај скандалот поврзан со „Volkswagen“ во САД.
Моделот „X5“ се очекува да биде претставен и во хибридна варијанта, кој ќе може да се движи целосно на електрична енергија при кратки растојанија. Покрај тоа, тој се очекува да биде претставен и во „М“ модификација, која ќе е највисоката класа кај моделот.
Сите, со исклучок на основниот модел на „X5“, ќе се нудат со системот на „BMW xDrive“, погон на четири тркала. И иако возилото најверојатно да се нуди со трет ред седишта (како опција), корисниците кои чекаат пошироко купе, ќе треба да го почекаат дебито на моделот „X7“ во 2018-та година. Тој е предвиден како алтернатива на популарните модели „Mercedes-Benz GLS“, „Audi Q7“, а веќе и на „Volvo XC90“.