2 јули, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАHP ги претстави економичните сервери

HP ги претстави економичните сервери

HPGen8_Closeup_sm

Компанијата „Hewlett Packard“ (HP) го претстави и првиот комерцијално достапен „HP Moonshot“ систем кој воведува потполно нова економска инфраструктура затоа што користи 89 проценти помалку енергија, 80 проценти помалку во просторот и чини 77 проценти помалку од традиционалните сервери.

„ Скоро 10 милијарди уреди се поврзани на интернет и се прогнозира дека оваа бројка ќе биде поголема. Па поради тоа ние одлучивме да ги разгледаме барањата кои стигнаа до нас кои беа поврзани со просторот, енергијата и трошоците“, соопштија од HP.

Од компанијата наведуваат дека „HP Moonshot“ ќе го означи почетокот на новиот IT стил, кој ќе ја смени економската инфраструктура и ќе ја постави основата за наредните 20 милијарди уреди.

Новиот систем е втора генерација на сервери кои произлегоа од проектот „Moonshot“, кој е креирана за предизвиците кои ги поставува „cloud“, голема количина на податоци, како и друштвените и мобилните апликации.

„HP Moonshot“ серверите користат чипови кои обично се гледаат во паметните телефони и таблетите, а кој овозможува тие помалку да трошат енергија, како и нивната големина, па така ќе се намалат трошоците.

Првиот „HP ProLiant Moonshot“ сервер доаѓа со „Intel Atom S1200“ процесори и поддржува веб-хостинг решенија. „HP Moonshot 1500“  е во серверско куќиште во кое има вградено 45 касети со „Intel“ процесори, еден мрежен свич и заеднички компоненти.

Системот веќе е достапен во САД и Канада, а во Европа, Азија и Јужна Америка ќе биде достапен во почетокот на следниот месец по цена од 50.605 евра.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП