7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei ќе претстави P9 смартфон со 6.9-инчен дисплеј?

Huawei ќе претстави P9 смартфон со 6.9-инчен дисплеј?

hu3

Најрастечкиот светски производител на смартфони – кинескиот „Huawei“, пред неколку недели ги претстави долгоочекуваните модели од серијата P9.

И додека до сега се познати три варијанти на моделот – во лицето на стандардната верзија „P9“ и „P9 Plus“ и „Lite“, многу е можно семејството да порасне за уште еден член. И тоа да е моделот „P9 max“.

Според податоците кои се појавија на интернет, новиот паметен телефон ќе е со завиден дисплеј од 6.9 инчи со резолуција од 1.080 пиксели. Се очекува да се разликува уште со 16-мегапикселна задна и 8 мегапикселна предна камера, 3 GB RAM и 32 GB внатрешна.

Оперативниот систем ќе биде „Android 6.0 Marshmallow“. Смартфонот се очекува да се напојува од чипот „Kirin 950“, за прв пат претставен во моделот „Mate 8“. Тој е осумјадрен со фреквенција од 2,2 GHz.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП