Периодот на ниските цени на нафтата помина откако нафтата ги проби значајните препреки.
Нафтата во последните денови бележи скок на цените во пресрет на состанокот во Доха на 17-ти април на кој, како што покажуваат сигналите, се очекува договор за замрзнување на производството.
„Нафтата имаше двојно дно во февруари. Сега имаме добар раст. Ова би можело да биде пресврт“, смета еден од експертите.
Последните показатели за движењето на цените укажува на „новиот режим“, заедно со закрепнувањето на глобалната економија, кое би можело да доведе до скок на цените на црното злато до опсег од 50 – 70 долари за барел оваа година.
Цената од 70 долари би била за дури 60 проценти повисока од моменталната.